Бендот „Фанк шуи“ ќе одржи концерт во Скопје на 12 април, во клубот „Станица 26“, како најава на нова балканска турнеја.
Минатата година беше успешна за „Фанк шуи“, кој одржа преку 20 концерти на Балканот, во Белград, Нови Сад, Загреб, Подгорица, Шибеник, Крагуевац, Сараево и други градови. Од бендот велат дека се радуваат што по една година повторно ќе свират пред домашната публика.
„По подолг период се враќаме дома со концерт. Овој април, пред да тргнеме на балканска турнеја, започнуваме токму тука, во нашиот град, со вас. По успешната 2024, време е да ја започнеме новата концертна сезона дома, во вистинска атмосфера“, велат од „Фанк шуи“.
Билетите се продаваат онлајн на drugastrana.mk.