„ФАНК ШУИ“ МЕЃУ ДЕВЕТТЕ ФИНАЛИСТИ ЗА ЕВРОПСКАТА МУЗИЧКА НАГРАДА „ХЕМИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Еден од најпопуларните македонски бендови „Фанк шуи“ влезе во завршниот избор за европската музичка награда „Хеми“, што ја доделува истоимениот центар за размена на музички иновации.

Меѓународно жири ги издвои „Фанк шуи“ и останатите осум финалисти од 285 музички имиња од централна и југоисточна Европа, при што во претпоследниот филтер од 27 групи се најдоа уште две од Македонија, „Плуто‘с даут“ и „Ју“.

„Хеми“ е нова програма која има за цел да поддржи талентирани изведувачи од Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Северна Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија кои се подготвени да ја пласираат својата музика на европско ниво.

Трите добитници на наградата ќе бидат објавени во јуни, кога секој од финалистите ќе се претстави со специјална сесија во живо.