ФЕСТИВАЛОТ ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА МУЗИКА СЕ ОДЛОЖУВА ЗА НАЕСЕН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Концертот „100 години од раѓањето на Властимир Николовски и Кирил Македонски“ во рамките на фестивалот Денови на македонска музика, кој требаше да се одржи на 3 април, е одложен за наесен, објави СОКОМ.

„Ве известуваме дека и концертот на Филхармонијата на ДММ, закажан за 3 април, се одложува за есенскиот период поради актуелните случувања во институцијата поврзани со промената на раководството. Ова значи дека програмата на фестивалот Денови на македонска музика во целост се одложува и ќе се реализира во периодот септември-октомври 2025. Во координација со двете национални институции, ансамблите и солистите, во наредниот период ќе ги објавиме новите термини за одржување на концертите од програмата на фестивалот“, велат од СОКОМ.

На концертот кој требаше се одржи на 3 април како диригент беше најавен Борјан Цанев, а како солистка сопранистката Мила Јаневска (фото).