ФЕСТИВАЛОТ ГЛАСТОНБЕРИ ОТКАЖАН ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД И СЕ СООЧУВА СО БАНКРОТ

Лондон, (Би-Би-Си)

Легендарниот фестивал Гластонбери е откажан втора година по ред поради пандемијата на коронавирусот.

„Со големо жалење мора да соопштиме дека годинашниот фестивал Гластонбери нема да се одржи. Ова ќе биде уште една сушна година за нас“, соопшти организаторката Емили Ивис.

Пол Макартни, Тејлор Свифт и Кендрик Ламар требаше да бидат главни ѕвезди на минатогодишното 50. издание на фестивалот, но тој беше откажан во март кога Велика Британија првпат воведе карантин.

„Минатата година изгубивме милиони и уште едно откажување би можело да значи банкрот“, предупреди Ивис неодамна.

Британските парламентарци неодамна кажаа дека некои од најголемите музички фестивали во земјата би можеле да бидат откажани до крајот на месецот.