На 15 февруари, во Филхармонијата ќе се одржи концертот „Љубов, страст – фламенко!”, кој традиционално се организира по повод Денот на вљубените. Ќе настапи една од најзначајните шпански фламенко пејачки, Марина Ередија (фото).
Диригент е Кристијан Васкез од Венецуела, а на програмата се дела од Лорка, Де Фаља и Гинастера.