Петнаесет македонски фолк и народни песни во придружба на Симфониски оркестар синоќа (7 декември) добија искрени овации и аплуази од публиката во Филхармонијата. На концертот „Македонијо во срце те носиме“, пејачите: Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, групата „ДНК“, Наум Петрески, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Андријана Јаневска, Марија Спасовска, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски изведоа песни кои не се толку познати на пошироката публика, но и песни кои се веќе дел од македонското фолк наследство.
Преработките и оркестрациите ги направи Николче Мицевски, а диригираше Сашо Татарчевски.
Организаторот „Скендеровски продукција“ кажа дека парите од продажбата на билетите ќе одат во хуманитарни цели.