ГИТАРАТА НА КУРТ КОБЕЈН ОД „ЕМ-ТИ-ВИ АНПЛАГД“ ЌЕ СЕ ПРОДАВА ЗА МИЛИОН ДОЛАРИ

Њујорк, (Гардијан)

Гитарата на која Курт Кобејн свиреше на легендарниот акустичен концерт на „Нирвана“ во Њујорк ќе се продава на аукција и се очекува почетната цена да биде еден милион долари. Концертот од серијата „Ем-Ти-Ви анплагд“ се одржа во ноември 1993 година, само пет месеци пред Кобејн да изврши самоубиство.

Гитарата „мартин Д-18Е“ од 1959 година ќе биде меѓу највредните експонати што ќе бидат понудени на аукцијата во Беверли Хилс во јуни.

„Горди сме што можеме да ја понудиме оваа историска гитара на Курт Кобејн од неговиот митски настап со ‘Нирвана‘ на ‘Ем-Ти-Ви анплагд‘. Како дел од една од најнезаборавните свирки во историјата, оваа гитара има важно место во историјата на рокенролот“, изјави Дарен Џулиен, претседателот на аукциската куќа „Џулиен“.

Гитарата ќе се продава заедно со оригиналниот куфер.