Тејлор Свифт доби четири статуетки на Американските музички награди (АМА), меѓу кои и највисокото признание, за музичар на годината. Во оваа категорија, поп пејачката ги победи Дрејк, Ед Ширан, „Имеџин драгонс“ и Пост Малоун.

Дуа Липа (Фото: АП)

Свифт влезе во историјата на овие музички награди како најнаградувана жена, со вкупно 23 признанија.

Камила Кабељо (Фото: АП)

„Оваа награда, како и сите други кои се доделија вечерва, беше изгласана од народот. А, знаете што друго ќе биде изгласано од народот, Конгресот на 6 ноември“, повика Свифт од сцената.

Деновиве, таа првпат јавно проговори за политика и кажа дека ќе гласа за демократските кандидати во Тенеси, по што загуби еден голем фан – Доналд Трамп.

Карди Би освои три награди, меѓу кои за омилен хип-хоп/рап изведувач (Фото: АП)

Гласањето беше главна тема на церемонијата. Актерката Трејси Елис Рос, која беше презентерка, носеше маица „Јас сум гласач“, а комичарот Били Ајшнер на публиката ѝ рече: „Најголемиот избор во нашите животи се случува моментално“.