Денеска на Скопско лето ќе настапат грчката виолинистка Данае Папаматеу и германскиот пијанист Уве Мачке. Концертот ќе се одржи во фоајето на Националната опера и балет во 20:30 часот. На програмата се дела и од грчки композитори.
Роден во Берлин, Мачке повеќе од 20 години предава пијано на Универзитетот Македонија во Солун.