Групата „Педро хоризонте“ сними нов сингл со наслов „Мегахит”, кој е најава за нејзиниот деби албум „Паранормални мегахитови“. Од бендот велат дека на албумот ќе има 11 песни.
Промоцијата на песната е на 17 мај од 13 часот во културно-едукативниот центар „Лабораториум“ во Скопје, кога бендот ќе ја отсвири во живо,
Групата „Педро хоризонте“ постои од 2020 и е составена од фронтменот на „Суперхикс“ Петар Младеновски, Гога Поп Георгиевски и Владимир Митревски. Албумот е снимен, продуциран и миксан од Дени Крстев во студиото „1060“.