ГУДАЧКИ ОРКЕСТАР И ГОСТИ НА КОНЦЕРТОТ НА ЖЕЉКО САМАРЏИЌ НА 13 АПРИЛ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Гудачки оркестар ќе го придружува српскиот поп-пејач Жељко Самарџиќ на концертот во Скопје, кој ќе се одржи в сабота (13 април) од 21 часот во салата „Борис Трајковски“.

„Концертот е насловен ‘Жељко и пријателите‘ затоа што ќе има специјални гости. Присутните ќе имаат ретка можност на иста сцена да ги слушнат и видат најдобрите ѕвезди од рок и поп музиката, соработници, но и големи пријатели на Самарџиќ“, велат од „Прагма продукција“, организаторот на концертот.

Настапот во салата „Борис Трајковски“ е во рамките на неговата турнеја „Во името на љубовта“.
Во април минатата година, Самарџиќ сними дует со Калиопи за песната „Знам“, која стана популарна во регионот. Самарџиќ тогаш изјави дека со Калиопи е пријател 40 години и долго време се договарале да снимат заедничка песна. Калиопи беше гостинка на неколку негови концерти во Србија.
(Фото: Фотостејџ Србија)