Хип хоп музичарот и продуцент Драги (Druggy) го објави својот нов албум „Неврзаните“, кој претходно беше најавен со сингловите „Кензо Танге“ и „Нова ера“.
Драги, проект зад кој стои Драган Иванов, на новиот албум излегува од својот класичен звук на современиот хип хоп, додавајќи влијанија од „Дафт панк“, „Крафтверк“ и југословенската електронска и синтпоп сцена.
Драги не само што е главен вокал на сите девет песни, туку е и продуцент на албумот, на кој гостуваат бендот „Искра“ и Секси Марса.