ХОЛАНДСКАТА ПЕЈАЧКА СЕВДАЛИЗА ЌЕ ГО ЗАТВОРИ ФЕСТИВАЛОТ „СКОПЈЕ КОЛИНГ“ НА 7 ЈУЛИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Холандската пејачка со иранско потекло Севдализа ќе настапи во Скопје на 7 јули, на стадионот на АРМ во рамките на фестивалот „Скопје колинг“, објави „Авалон“.
Фестивалот на 6 јули на истиот стадион ќе го отвори Грејс Џонс (75), една од најекстравагантните и најоригинални појави во современата поп-култура.

„Заедно со интернационалната музичка програма ‘Telekom Electronic Beats’, за официјално затворање на фестивалот ‘Скопје колинг’ и како втор, посебен фестивалски ден имавме голема желба да обезбедиме креативна, независна, авангардна артистка која e пред своето време. Во духот на овогодинешното издание на ‘Скопје колинг’, на кое главната позиција ја има легендарната Грејс Џонс, сакавме во рамките на официјалното затварање на фестивалот да настапи Севдализа. Преку фузијата на електроника, трип-хоп, експериментален поп и алтернативен аренби, таа е моментално актуелна на светските топ листи“, велат од „Авалон “.