Италијанската група „Лајвплеј – Колдплеј трубјут бенд“ на 16 ноември за првпат ќе одржи концерт во Скопје во Филхармонијата, објави продукцијата „Прагма“. Бендот во моментов е на европска турнеја со најголемите хитови на британската поп-рок група „Колдплеј“.
Организаторите најавуваат настап богат со аудио-визуелни ефекти. Италијанскиот бенд е во состав: Енрико Коин како пејачот Крис Мартин, Филипо Коин како гитаристот Џони Баклeнд, Анџело Барбиерато како басистот Гај Беримeн и Давиде Поли како тапанарот Вил Чемпион. Основан во 2013, бендот досега има одржано повеќе од 400 концерти.
Билетите се продаваат преку мрежата на kupikarta.com.