КАЛИОПИ СО ДВА КОНЦЕРТА ВО СКОПЈЕ И ВО БИТОЛА, НОВИОТ АЛБУМ ЌЕ ГО ПРОМОВИРА НА КРАЈОТ НА МАЈ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
По повеќе од 16 години пауза, Калиопи ќе одржи два концерта во Македонија. Првиот е во Битола на 20 јули на Херкалеа, а вториот во Скопје во салата „Борис Трајковски“ на 19 октомври.
Калиопи изминатиов период со продуцентот Ромео Грил го снимаше новиот албум, кој треба да излезе до крајот на овој месец.

Во април, Калиопи настапи во „Борис Трајковски“ и со овации беше пречекана во полната сала како гостинка на концертот на српскиот поп-пејач Жељко Самарџиќ, нејзин близок прикател. Калиопи и Самарџиќ заедно ја пеат песната „Знам“, која ја напиша Ромео Грил, а од лани стана доста популарна во регионот.

„Најубаво е дома. Колку е убаво повторно да пееш во Македонија“, рече Калиопи, пред да ги испее хитовите „Бато“ и „Црно и бело“.

 

Последниве години, таа имаше повеќе концерти во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

 

Фото: Ани и Дими