КАЛИОПИ СО КОНЦЕРТ ВО ОХРИД НА ИЛИНДЕН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Калиопи ќе одржи концерт во Охрид на 2 август, во Античкиот театар од 21 часот, објави продукцијата „Пргама“. Претходно, таа со својот бенд ќе одржи уште едне концерт на отворено, на Хераклеја во Битола на 20 јули. Голем концерт во Скопје е најавен за 19 октомври во салата „Борис Трајковски“.

Минатата недела, Калиопи го промовираше новиот албум кој едноставно е наречен „Албум“, со кој прослави 40 години соработка со продуцентот Ромео Грил. Најголемото изненадување на албумот кој има 10 песни, дел на македонски, дел на српски јазик, е соработката со Слаткаристика. Заедно ја снимија песната „Казна“.

„Снимивме еден релаксирачки албум во кој луѓето ќе уживаат, но и ќе ги тера на некои длабоки размислувања, a претежно се забавувавме. Студиски со Ромео не сме работеле заедно 10 години, од албуот ‘Мелем’“, ни рече Калиопи на промоцијата.

Билетите за сите три концерти за продаваат преку мрежата на kupikarta.com