КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР „ПРОФУНДИС“ НАЈАВИ НОВ КОНЦЕРТ ПОД СВЕЌИ ВО СКОПЈЕ, ЌЕ ГОСТУВА СРПСКИОТ ЧЕЛИСТ ПЕТАР ПЕЈЧИЌ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
На 22 март во Филхармонијата, камерниот оркестар „Профундис“ ќе одржи нов концерт под свеќи. Како гостин ќе настапи младиот српски челист Петар Пејчиќ, а диригент е Ѓурѓица Дашиќ.
Пејчиќ е финалист на англискиот меѓународен натпревар „Кралица Елизабета“. Настапувал со некои од најпрестижните оркестри во Европа, меѓу кои Симфонискиот оркестар на Би-Би-Си, Бриселската филхармонија и Хелсиншката филхармонија.
Петар Пејчиќ ќе биде гостин на концертот (Фото: Приватна архива)
На репертоарот е музика од Филип Глас од филмот „Часови”, Унгарска рапсодија оп. 68 од Давид Попер и „Рококо варијации“ од Петар Илич Чајковски.
На 12 април лани, „Профундис“ одржа уникатен концерт во Филхармонијата со илјадници (вештачки) свеќи поставени на сцената. Ваквите концерти се тренд во светот. 
Билетите се продаваат преку мрежата на МК Тикетс.
Фото: Ѓ. Личовски