КАРОЛИНА ГОЧЕВА ГО НАЈАВИ СВОЈОТ ДЕВЕТТИ АЛБУМ СО СИНГЛОТ „ЅВОНА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поп-пејачката Каролина Гочева го најави својот деветти студиски албум, прв по пауза од четири години.

Како што соопшти „Авалон продукција“, тој треба да излезе во средина на февруари, а пред тоа, Каролина ги почести фановите со првиот сингл, наречен „Ѕвона“, за кој веќе е објавен и спот.

„Се надевам дека ќе уживате во нашата топла приказна, прва од новиот албум што го подготвуваме за вас со огромна љубов“, вели Гочева.

Музиката и аранжманот на песната се на Никола Мицевски, текстот е на Весна Малинова, додека спотот го режираше Огнен Шапковски од „Мелем продукција“.

Последниот албум на Каролина Гочева, „Македонско девојче 2“, излезе во 2014 година.