КОНТРАБАС, ПИЈАНО И САКСОФОН ЗА КРАЈ НА 38. СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Француската контрабасистка Жоел Леандр е единствената жена во програмата на 38. издание на Скопскиот џез фестивал и таа го отвора четвртиот, последен ден со својот соло концерт во кино Фросина (18 часот). Најпозната е по соработката со американскиот композитор Џон Кејџ, кој компонирал специјално за неа, а има и богат опус за танц и театар.

Торд Густавсен, кој ќе настапи со своето трио во Националната опера и балет од 20 часот, е опишан како „еден од најмелодичните и најпоетски расположени пијанисти на денешнината“. Норвежанецот досега има објавено осум албуми за издавачката куќа „И-Си-Ем“, која слави 50 години, и во својата музика комбинира елементи на џез и фанк, како и скандинавски медитативни расположенија.

За крај на фестивалот, од 22 часот настапува квинтетот на Џејмс Брендон Луис, една од најголемите ѕвезди на саксофонот од поновата американска генерација.