КОНЦЕРТ НА 10 КАНТАВТОРКИ ЗА ЈУБИЛЕЈОТ НА ФЕСТИВАЛОТ „ПРВО ПА ЖЕНСКО“ НА 31 АВГУСТ

Скопје, (СМАРТСДК.МК)

Кантавторките Јоана Ристеска, Марија Каева, Сара Ренар и Теа Шалдева/Galatheia на 31 август во 21ч ќе одржат концерт во МКЦ во Скопје по повод јубилејното издание на фестивалот „Прво па женско“.

 

Јоана Ристеска е соло-артистка и инструменталистка од Скопје. Изведува и компонира музика за акустична и електрична гитара и со аналогни техники ја истражува можноста за експанзија на гитарскиот звук кон слоевит, оркестарски контекст. Марија Каева е вокална солистка, музичарка и текстописец, како и радиоводителка со петнаесетгодишно искуство. Низ долг период од 20 години Марија спорадично ја збогатува македонската поп архива со песни на кои тешко им се заборава рефренот. Сара Ренар доаѓа од Загреб и нејзиниот музички стил е експериментално-инди-поп мешање на мелодии со електронски и театрални елементи. Теа Шалдева/Galatheia е популарна скопска музичарка и водителка во Музичкото радио Канал 103.

Од фестивалот велат дека годинашното издание ќе потсети на родовиот јаз на музичката сцена.