Кирил Џајковски ќе одржи концерт со филмска музика на 6 април во Националната опера и балет од 20 часот. Македонскиот музичар и композитор за првпат настапува со голем оркестар.
Џајковски напиша музика за многу домашни и интернационални филмови, како „Големата вода“ (за кој доби награда на Филмскиот фестивал во Валенсија), „Прашина“, „Сенки“, „Балканот не е мртов“, „Врба“, „One More Game“, „Бал-кан-кан“, „Piargy“, „Трето полувреме“ и други.
На концертот, Џајковски ќе биде придружуван од 30-член оркестар, со кој ќе диригира Џијан Емин, а ќе се свири неговата филмска музика. Овој концерт претставува своевидна ретроспектива на 25-годишната филмска работа на Џајковски.
Билетите се во продажба на МК Тикетс.