КОНЦЕРТ НА РУСКИОТ ВИОЛИНИСТ СЕРГЕЈ КРИЛОВ СО ОРКЕСТАРОТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

В четврток (11 април) од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот „Езотерија“, на кој како солист ќе настапи рускиот виолинист Сергеј Крилов. Тој се смета за еден од најталентираните виолинисти на својата генерација, а успешен е и како диригент.

Оркестарот на Филхармонијата ќе ги изведе Симфонијата бр. 1 „Класична“, оп. 25, најпопуларната симфонија од Сергеј Прокофјев, Концертот за виолина и оркестар бр. 1, оп. 26 во Г-мол, најизведуваното и најпознато дело од Макс Брух и Четвртата симфонија на Лудвиг ван Бетовен.

Крилов е директор на Литванскиот камерен оркестар каде што редовно има двојна улога, на солист и диригент.