КОНЦЕРТ СО ДЕЛА ОД МАКЕДОНСКИ АВТОРИ ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА, „ПИЈАНО ТРИОТО“ ЌЕ ЈА ДОБИЕ НАГРАДАТА „ГЕОРГИ БОЖИКОВ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Оркестарот на Филхармонијата утре (19 октомври) ќе одржи концерт во својата сала (20 часот) во рамките на Денови на македонска музика.
На програмата се дела од македонски композитори: Девет минијатури за симфониски оркестар од Томислав Зографски, Дијада бр. 2 за голем симфониски оркестар од Јана Андреевска, Прелудим бр. 2 од Панде Шахов, „The apple t(h)ree (to the unmercanaries)“ од Дамјан Темков и „Disturbance“ од Бојана Петровиќ-Алексова. 
На почетокот на концертот ќе се додели наградата „Георги Божиков“ која СОКОМ ја доделува за најуспешна изведба на дела од македонски композитори во претходната година. Наградата ќе ја добие „Пијано триото“ (фото) во состав Татјана Петрушевска-Караскаковска на обоа, Марјан Милошевски на фагот и Петар Макариевски на пијано.
Диригент на концертот ќе биде гостинот од Швајцарија Томас Херцог. Влезот е слободен.