На 22 февруари, во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе се одржи Оскаровска гала вечер, концерт посветен на оскаровските хитови.
„Безвременските хитови номинирани и наградени со Оскар ќе ги пеат реномирани македонски пејачи, меѓу кои се Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Горан Наумовски и Денис Димоски, заедно со Битолскиот камерен оркестар ‘IWConnect’ и ‘Полифонија’“, вели Миланка Рашиќ, која ќе ја води публиката низ филмската историја.
„Во манирот на најблескавата филмска ноќ, посетителите ќе пристигнуваат на црвениот тепих од 19:30 часот, а концертот ќе започне во 20 часот“, додава Рашиќ.
Настанот ќе се одржи точно една недела пред 97. доделување Оскари во Лос Анџелес предвидено за 3 март.
Влезниците можат да се купат на билетарницата на МНТ и онлајн на mnt.mk
Ова е втор концерт со оскаровски хитови, првиот се одржа минатата година во Националната опера и балет и имаше голем интерес од публиката.
(Фото: Ѓ. Личовски)