Во чест на познатиот музички менаџер Даниел Милошески-Данче, еден од основачите на „Авалон“, на 6 октомври во Националната опера и балет ќе се одржи хуманитарен концерт. Милошески ненадејно почина на 15 јули 2014, а концертот насловен „Во спомен на љубовта за Данче“ се организира по повод десет години од неговата смрт.
Ќе настапат „Ареа“, Агни Авшар, Ана и Стефан Петановски, Бени и „Нон стоп“, „ДНК“, „Златно славејче“, Кристина Арнаудова, Николче Мицевски, „Поп арт бенд“, Пајак, Лара Иванова и Слаткаристика.
Комплетниот приход од продажбата на билетите ќе биде дониран за здружението Асоцијација за цистична фиброза. Влезниците се пуштени во продажба преку продажната мрежа на Мктикетс и чинат 1.000 денари.