„КРОАЦИЈА РЕКОРДС“ ГО РЕИЗДАДЕ КУЛТНИОТ АЛБУМ НА „ИДОЛИ“, „ОДБРАНА И ПОСЛЕДНИ ДЕНОВИ“

Загреб, (Н1)
01.09.2022., Zagreb - U Muzeju suvremene umjetnosti predstavljeno je luksuzno reizdanje najboljeg ex-YU rock albuma "Odbrana i poslednji dani" Idola. Bila je i uprilicena i prigodna izlozba fotografija Idola autora Goranke Matic i Gorana Vejvode. Dina Divjan, Zdenko Kolar, Srdjan Saper, Zelimir Babogredac Photo: Lovro Domitrovic/PIXSELL

Кроација рекордс“ повторно го објави винилното иадание на култниот албум на „Идоли“, „Одбрана и последни денови“, чија промоција се одржа во Музејот на современата уметност во Загреб.

На промоцијата присуствуваа и членовите на групата Срѓан Шапер и Зденко Колар, како и вдовицата на Влада Дивљан, Дина.

Албумот кој го обележа југословенскиот нов бран е реиздаден по повод 40-годишнината од неговото излегување. Иако музиката многу се промени во изминатите децении, „Одбрана и последни денови“ остана актуелен и инспирација за многу наредни генерации музичари.

Рок критичарите од регионот го прогласија за најдобар југословенски рок албум на сите времиња.