КУБАНСКО ТРИО ЗА КРАЈ НА 40. СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Триото на Кубанецот Роберто Фонсека го затвора Скопскиот џез фестивал и тоа ќе биде единствениот концерт од официјалната програма денеска. Иако јубилејно 40. издание, организаторите не му пристапија на годинашниот фестивал со помпа, туку им беше поважно тој да ги задржи квалитетот и изразено меѓународниот карактер и во оваа втора пандемиска година.

Фонсека е пијанист, пејач, композитор и продуцент, кој има снимено девет соло албуми и работено во повеќе жанрови. Во 2012 година беше номиниран за Греми награда.

Концертот е во Националната опера и балет со почеток во 20 часот.

Покрај ова, во кино Фросина во МКЦ ќе се промовираат новите изданија на ансамблот на Јордан Костов и на „Светлост + Одрон ритуал оркестра“, Филип Букршлиев ќе ја прими наградата за најдобар млад џез музичар за 2021 и ќе настапи најпопуларниот албанскиот џез состав „АЈС квартет“.