„КУЛТУРНО УМЕТНИЧКИ РАБОТНИЦИ“ ГО ОБЈАВИ СЕДМИОТ АЛБУМ, ПРОМОЦИЈА НА 6 АПРИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Култната скопска рок група „Културно уметнички работници“ го објави својот седми студиски албум, насловен „Панк кабаре“, кој е достапен за преслушување на Бендкемп и Јутјуб. Албумот дополнително ќе биде промовиран на 6 април со настапот на бендот во „Макка бар“ во Скопје.

„К. У. Р.“ настана како музички колектив во 1999 година од членови на групите „Тотално опуштање“, „Ноу нејм нејшн“, „Бомбашки процес“, „Жолтица на бродот Баунти“ и „Рок агресори“.