„КУЛТУРНО УМЕТНИЧКИ РАБОТНИЦИ“ ГО ПРОМОВИРА СЕДМИОТ АЛБУМ СО КОНЦЕРТ ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Култната скопска рок група „Културно уметнички работници“ вечерва ќе одржи концерт во Младински културен центар (20 часот), на кој ќе го промовира својот нов, седми студиски албум. Од групата велат дека албумот насловен „Панк кабаре“ е веќе снимен и треба да излезе до крајот на годината.

Бидејќи концертот е најавен како „Културно уметнички работници и пријателите“, како гости ќе настапат бендовите „Сватовски“ и „Катран“.

„К. У. Р.“ настана како музички колектив во 1999 година од членови на групите „Тотално опуштање“, „Ноу нејм нејшн“, „Бомбашки процес“, „Жолтица на бродот Баунти“ и „Рок агресори“.