КВИНТЕТОТ НА СИМОН ТРПЧЕСКИ И ОРКЕСТАРОТ „АЈГА“ НА 1 АПРИЛ СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Квинтетот на Симон Трпчески и камерниот оркестар „Ајга“ на 1 април во Филхармонијата ќе го изведат проектот „Македонисимо“, што претствува македонска и балканска премиера на неговата оркестарска верзија, соопшти промоторот „КултурОп“.

Квинтетот е во состав Симон Трпчески на пијано, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал, Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело и Влатко Нушев на удиралки, а со Камерниот оркестар ќе настапи под диригентство на Ана Спасовска. Специјални гости ќе бидат Владимир Крстев на виолина и Александар Димитров и Паскал Краповски на виолончело.

Светската оркестарска премиера на „Македонисимо“ беше лани во престижната концертна сала „Музикферајн“ во Виена, заедно со австрискиот оркестар Тонкунстлер, под диригентство на неговиот шеф Јутака Садо.

Билетите за претстојниот концерт веќе се во продажба на платформата МКтикетс.

Фото: К. Попов