МАСКИРАНОТО ЕЛЕКТРОПОП ДУО „НИПЛПИПЛ“ СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 20 АПРИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Популарната хрватска електропоп група „Ниплпипл“ ќе одржи концерт во Скопје на 20 април, во организација на „Авалон продукција“. Концертот ќе биде во клубот „Пјур“, каде што Каролина Гочева претходно имаше два распродадени настапа.

„Ниплпипл“ е дуо основано во 2008 година и неговите членови настапуваат маскирани, зашто, како што велат, сакаат нивната музика да биде во прв план. Бендот не објавува албуми, туку синглови. Последниот настап во Македонија го имаше лани, на Скопје колинг.

Картите се по цена од 500 денари.

(Фото: Фејсбук)