„МИЗАР – ДРУГО ОТКРОВЕНИЕ“ – ГОРАН ТАНЕВСКИ СО КОНЦЕРТ ГО ПРОМОВИРА НОВИОТ ПРОЕКТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Легендарниот фронтмен на „Мизар“ Горан Таневски вечерва ќе го претстави својот нов музички проект, со концерт што ќе се одржи во клубот „Колектив“ на плоштад Македонија во Скопје, со почеток во 21 часот.

Насловен како „Мизар – друго откровение“, Таневски не открива многу за што станува збор, навестувајќи дека „ова е само почеток“.

Концертот треба да биде голема промоција на она што Таневски го подготвува за наредните две години, кога планира да издаде трилогија од албуми.

Таневски се прослави како пејач на култната готик рок група „Мизар“, на која ѝ се придружи во средината на 80-ите години од минатиот век, период што беше опишан како „второ откровение“. Со „Мизар“, Таневски го сними легендарниот прв истоимен албум во 1988 година.