„МИЗАР“ ЌЕ ОДРЖИ КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 12 МАЈ СО ХОРОТ „ХАРМОСИНИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Култниот македонски рок бенд „Мизар“ ќе одржи концерт во Филхармонијата на 12 мај, со почеток во 20 часот. На концертот насловен „Мизар и Хармосини – Гласови“, групата ќе биде придружувана од македонскиот византиски хор „Хармосини“.

„Седумнаесетмина најдобри македонски музичари-инструменталисти, предводени од Горазд Чаповски, хорот ‘Хармосини‘ и аранжерот и диригент Дени Омерагиќ ќе ви ги донесат безвременските хитови на ‘Мизар‘“, стои во најавата на концертот.

Картите се во продажба преку ticketx.mk.

(Фото: Фејсбук/Ѓ. Костовски)