МУЗИЧКО ПОЕТСКА ВЕЧЕР СО МАРКО ВИДЕНОВИЌ И ТРИОТО „МЕВЛЕМ“ ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утревечер (10 април) од 20 часот, во Камерната сала на Филхармонијата ќе се одржи музичко-поетска вечер со Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“.

Проектот „Мевлем“ е спој на музика и поезија, создаден од композиторот и поет Марко Виденовиќ. Во „Мевлем“ свират Памела Велкова (виолина), Верица Ајтовска (виола) и Енис Аљи (виолончело), покрај Марко Виденовиќ (пијано и глас).

Специјално за овој проект, Виденовиќ има создадено 15 оригинални композиции, кои ја надополнуваат неговата поезија.