НАД 500 МЛАДИ МУЗИЧАРИ УЧЕСТВУВААТ НА ПЕТТИОТ МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР НА УЧЕНИЦИТЕ ОД МУЗИЧКИ ШКОЛИ ВО ШТИП

Штип, (СМАРТ СДК.МК)

До 18 април во Штип ќе трае петтиот меѓународен натпревар на учениците од музички школи од земјата и странство. Организатор е средното музичко училиште во Штип „Сергеј Михајлов“, а натпреварите се одржуваат во Домот на културата „Ацо Шопов“, Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ и во уметничката галерија „Безистен“.

„Според програмата, натпреварите ќе се одвиваат во сите училишни категории и во повеќе музички програми и дисциплини: дувачки инструменти, ударни инструменти и сет тапани, соло пеење, жичени, лимени и традиционални инструменти, пијано, хармоника и поп и џез музика“, вели директорот на училиштето „Сергеј Михајлов“, Горан Кавраков.

Тој вели дека владее голем интерес за натпреварите и до 1 април се пријавиле над 500 кандидати, млади музичари од земјата и странство. Пријави има и од Словенија, Црна Гора, Бугарија, Албанија и Србија. Организаторот предвидува парични награди и гран при награда за најдобрите по категории и дисциплини.

Т. ЈОВАНОВСКИ