Тенорот со меѓународна кариера Благој Нацоски и италијанскиот пијанист Лука Чамаруги се солисти на вечерашниот концерт на Филхармонијата, кој почнува во 20 часот.
Со концертот насловен „Сафи“ ќе диригира Виктор Митревски. На програмата се увертирата од операта „Така прават сите“ и Концертот за пијано и оркестар бр. 18 од Моцарт, Соло песни за тенор и оркестар од Шуберт и песни од циклусот „Волшебната хорна на момчето“ од Малер.
Чамаруги е концертен пијанист, радиопрезентер и музиколог. Од 2007, редовно води програма на италијанското „Радио класика“, а пишува и за магазини.