Рокерот Мик Џегер опиша како се чувствува откако на 80 години се врати на турнеја, пеејќи, танцувајќи и трчајќи во концертните сали и на стадионите.
„Исто е како кога бев на сцената на 78 години“, рече фронтменот на „Ролинг стоунс“ ден откако пееше на преполн концерт во Бостон.
„Потребни беа неколку концерти за да влеземе во ритам, но сега сме супер. Се чувствувам добро”, додаде тој
Џегер, кој ќе наполни 81 година на 26 јули, сè уште е во добра кондиција и не планира да престане да пее наскоро.
„Додека свириме низ САД ќе ги разгледаме можностите да одржиме концерти и во други земји следната година. Ќе одиме каде што ќе биде забавно. Тоа може да биде Европа, може да биде Јужна Америка, може да биде каде било. Не планирам уште да престанам да пеам“, кажа Џегер.