Големата ТВ-ѕвезда од 90-ите, Дејвид Хаселхоф, вели: Берлинскиот ѕид ќе паднеше со и без мојата музика.

„Тоа ме вади од кожа. Јас немав никаква врска со уривањето на Берлинскиот ѕид. Живеевте со оваа лага и ја пишувавте речиси 30 години“, кажа американскиот актер и пејач, кој е најпознат по ТВ-серијата „Чувари на плажата“.

Неколку недели откако границата кај ѕидот беше отворена во декември 1989 година, Хаселхоф го испеа поп-хитот „Во потрага по слобоата“ на новогодишната забава кај Бранденбуршката порта во Берлин. Сликата на Хаселхоф опкружен со берлиници кои слават го обиколи светот.

„Испеав песна за слободата и случајно се погоди да биде број еден на топ-листите кога падна ѕидот. Дали ја искористив песната? Да. Дали бев зад ѕидот и им помагав на луѓето? Да, бидејќи можев и се грижев“, вели Хаселхоф.

Тој планира неговата турнеја „30 години во потрага по слобода“ низ Германија и Австрија да ја почне на 11 април во Берлин.