НЕОБЈАВЕН АЛБУМ НА ПРИНС ОД 2010 КОНЕЧНО ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ВО ЈУЛИ

Њујорк, (Гардијан)

Необјавен албум на Принс, снимен во 2010 година, конечно ќе може да се слушне во јули, откако „Сони“ доби пристап до дел од неговата голема архива на неиздадени снимки.

„Добредојдовте во Америка“ (Welcome 2 America) содржи 12 песни и бил снимен во неговото студио пред 11 години.

„Овој албум ги изразува грижите, надежите и визиите на Принс за општеството кое се менува, најавува ера на политички поделби и ја обновува борбата за расна правда“, се вели во најавата на албумот.

Од 2010 до 2012, Принс одржа 80 концерти на турнејата со исто име, но никогаш не објасни зошто го складирал албумот.