НЕОБЈАВЕНИ ПЕСНИ НА ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ СОБРАНИ НА НОВ ПОСМРТЕН АЛБУМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Нов, посмртен албум на Влатко Илиевски денеска беше промовиран од неговото семејство, на денот кога популарниот пејач ќе го прославеше 37. роденден. Најавен како своевиден тестамент на Илиевски, албумот насловен „Последно танго“ содржи 14 песни, од кои дел се досега необјавени.

На албумот се наоѓа и првата песна на Илиевски, „Together Again“, што ја напишал и снимил уште како осмоодделенец во студиото на неговиот професор по музичко Ангел Ќосев, а се истакнува и преработката на хитот на „Дивље јагоде“, „Не сакаш крај“, што ја извел во дует со фронтменот на босанската рок група Зеле Липовача.

Илиевски имаше само 33 години кога почина на 6 јули 2018, оставајќи песни кои требаше да се најдат на неговиот следен студиски албум, што делумно се реализира сега.

Во 2020 излезе и компилацијата на неговите најголеми хитови „За љубов се пее до крај“.