Групата „Нокаут“ ќе одржи концерт во Антички театар во Охрид на 27 јули од 20 часот. Претходно, бендот ќе настапи и на Хераклеја во Битола на 5 јули. Гостин ќе биде Дарко Гелев-Брејк. Минатата година, бендот одржа пет акустични концерти во Филхармонијата со Брејк како гостин.
Во октомври минатата година, „Нокаут“ во Скопје го промовираше својот четврти албум „Што бараш ти во мојата песна?“.
Билетите за концертот во Охрид се продаваат преку мрежата на mktickets, а го организира продукцијата „Сцена“.