Инди-рок бендот „Милко“ сними нов сингл насловен „Оловен војник“, а ќе го промовира на концертот што ќе го одржи утре (7 ноември) од 21 часот во скопскиот клуб „Котур“.
„Се работи за песна во која се огледа големото искуство на бендот, надополнето со модерен, свеж музички израз“, велат од независната издавачка куќа „Шарла“.
Снимена во студиото „Алшар“, текстот и музиката се на Сашо Митревски, аранжманот е на бендот, а продуцент е Ивица Јанкуловски. Минатиот месец, „Милко“ ја промовираше песната „Тажен понеделник“.
„Милко“ е скопско инди-рок трио чија музика е инспирирана од британската независна музичка сцена од 1980-тите и 1990-тите. Покрај Митревски (гитара и вокал), членови се и Филип Поповски (бас гитара) и Стефан Терпини (тапани).