Леди Гага планира да го објави својот долгоочекуван седми студиски албум во февруари 2025, што ќе биде најавено со прв сингл следниот месец. Кампањата за албумот се надоврза на премиерата на филмот „Џокер: Лудило за двајца“ во Венеција, во кој Гага ја игра Харли Квин.
„ХХ октомври: ЛГ7 прв сингл“, напиша пејачката на социјалните мрежи.
Таа минатиот месец изненадувачки објави заедничка песна со Бруно Марс, но фановите чекаат нов албум од 2020. „Вог“ објави дека Гага истовремено работи на друг изненадувачки проект, за кој малку се знае.
(Фото: АП)