Новиот албум на „Суперхикс“ ќе биде промовиран на 16 април. Насловен „Сила и нервоза“, тој првпат ќе може да се чуе на отворената слушачка промоција во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во скопската општина Кисела Вода, која ќе се одржи од 12 часот.
„Сила и нервоза“ е шести студиски албум на еден од најпопуларните македонски бендови, а доаѓа седум години по „Андерграунд евергрини“. Фронтменот Петар Младеновски најави дека на албумот има соработки со „Фолтин“ и „21 век“.
Албумот излегува во годината кога групата одбележува три децении постоење. По тој повод, најавени се низа славенички настани, за што групата потпиша договор со Општина Кисела Вода. Прославата треба да кулминира на 29 јуни со голем концерт во паркот кај салата „Расадник“.
(Фото: Фејсбук)