НОВОГОДИШНИОТ КОНЦЕРТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА СО АРСОВСКА И НАУМОВСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Традиционалниот новогодишен концерт на Филхармонијата е закажан за 22 декември од 20 часот, а насловен е „Исток“.

Ќе диригира Миријан Кукунаишвили од Грузија, а како солисти ќе настапат сопранистката Милена Арсовска и баритонот Иван Наумовски. На програмата се дела со типично новогодишен концепт.

„Публиката ќе има можност да чуе дела од Штраус, Чајковски, Лехар, Лумбие, но и посовремени толкувања на темата валцер, како ‘Валцерот на Амелија’ на Јан Тирсен од филмот ‘Чудесната судбина на Амели Пулен’, ‘Маскарада валс’ на Арам Хачатуријан и други“, најавува Филхармонијата.