Покрај концертот „Љубов и револуција“ закажан за 29 јуни во Градски парк во Скопје, од Филхармонијата најавуваат уште еден концерт на отворено, што ќе се одржи на 23 јуни.

Насловен е „Ну Погоди“ и станува збор за уникатен проект, при што ќе бидат изведени теми од култните цртани филмови од земјите од источниот блок, кои го обележаа детството на генерациите од 1970-ите и 1980-ите години.

Во аранжман на Владимир Николов и под диригентство на Џијан Емин, ќе бидат изведени темите од „Балтазар“, „Ну Погоди“, „Как Казаки“, „Козле Бозле“, „Густав“, „Балтазар“, „Мечето Ушко“, проследени со специјални видеопроекција и светлосен дизајн.

Ќе диригира Џијан, а покрај Филхармонијата, ќе настапи и бенд во состав Зоран Костадиновски – гитара, Иван Бејков – бас, Гордан Спасовски – клавијатури и Гоце Стевковски – тапани.

Филхармонијата ги организира концертите во соработка со Младински културен центар и Град Скопје.