„ОХРИД КОЛИНГ“ ОЧЕКУВА 50.000 ПОСЕТИТЕЛИ НА НАЈГОЛЕМИОТ ФЕСТИВАЛ НА ЕЛЕКТРОНСКА МУЗИКА ВО МАКЕДОНИЈА

Охрид, (СМАРТ СДК.МК)

Стив Аоки, четвртиот најплатен диџеј на светот за минатата година според „Форбс“, ја предводи листата учесници на четвртото издание на фестивалот „Охрид колинг“, што се отвора денеска на просторот на поранешната касарна во Охрид.

Во наредните четири вечери, на „Охрид колинг“ ќе настапат 15-ина странски диџеи, вклучувајќи и големи ѕвезди како Робин Шулц, „Вини вичи“ и Феде Легранд, што го прави еден од најголемите настани за електронска музика кај нас досега.

„Годинава, според продажбата на билети, очекуваме рекордна посетеност од 50.000 луѓе за сите четири вечери, од кои околу 5.000 странски посетители дневно“, вели Ивана Нолчева од „Авалон продукција“, организатор на фестивалот.

Дел од фестивалот ќе бидат и домашни диџеи, како Александар Галоски и електродуото Бојан и Андреј Сирилик.

Д. ЧУБРИЌ