ПАЈАК И ЈОВАН ЈОВАНOB ЈА ПРЕРАБОТИЈА ПЕСНАТА „МАГИЈА“, КОЈА ПОБЕДИ НА МАКФЕСТ ВО 1998

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Младиот пејач Христијан Настески-Пајак заедно со продуцентот Јован Јованов го преработи хитот „Магија“, со кој Јованов и групата „Магија“ победија на Макфест во 1998.

Јованов, кој сега живее и работи во Канада, по 14 години повторно снима како вокал, во дует со Пајак. Новиот аранжман на песната го направи братот на Јован, Иван Јованов-Ивајо. Песната и спотот наскоро ќе бидат промовирани од „Урбан рекордс“.

„Се надеваме дека овој дует ќе биде едно убаво освежување за македонската музичка сцена, но и поттик за нови песни за во иднина“, изјави Јованов.