ПОБЕДНИКОТ НА 35. МАКФЕСТ НЕМА ДА ДОБИЕ ТОРТА ПОРАДИ НОВИТЕ ПРОТОКОЛИ

Штип, (СМАРТ СДК.МК)

Јубилејното, 35. издание на Макфест ќе се одржи на 18 и 19 септември на плоштадот Слобода во Штип под строги протоколи за заштита од коронавирус, поради што сите 24 композиции ќе бидат изведени на плејбек.

Годинава нема да го има традиционалниот завршен коктел, ниту торта за победникот. Ова ќе биде првпат досега победникот да не ја сече славеничката торта.

За време на гласањето ќе се одржи шоу програма која годинава е доверена на Игор Џамбазов и на Игор Атанасовски-Гуру Харе. ТВ-преносот на МРТВ е со почеток во 20:30 часот.

Т. ЈОВАНОВСКИ