Сер Пол Макартни повторно се спои со поранешниот колега од „Битлс“, сер Ринго Стар, за време на својот концерт во лондонската „О2 Арена“. Тапанарот беше прелечекан на сцената со громогласен аплауз.
„Поминав одлична ноќ и ве сакам сите“, рече Стар подоцна.
Настапот беше дел од турнејата на Макартни „Сер Пол се враќа“, на која 82-годишниот музичар свиреше во Франција, Шпанија и Бразил. Стар не беше единствениот гостин на концертот. Гитаристот на „Ролинг стоунс“, Рони Вуд, му се придружи на Макартни на песната „Get Back“, на која вториот свиреше на неговата оригинална бас гитара „хофнер 500/1“ за првпат по повеќе од 50 години. Макартни изведе речиси 40 песни, при што свиреше на различни инструменти.
Макартни и Стар, кои се последните живи членови на „Битлс“, настапија заедно неколкупати откако бендот се распадна во 1969.
(Фото: Мега)